(ИНТЕРВЈУ) Николоски: Пендаровски е класична алапача и оговарач

by fokus

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно откри нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка.
Одговари и дали во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ некој би поддржал уставни измени, колку пратеници ќе освојат на нареедните избори, дали поранешниот лидер Никола Груевски има влијание во партијата, но и жестоко го критикуваше претседателот Стево Пендаровски.

Целото интервју ќе може да го прочитате и во онлајн изданието на неделникот.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Какво е вашето мислење за актуелниот претседател Стево Пендаровски?

НИКОЛОСКИ: Се работи за најлошиот претседател кој Македонија го имала. И во смисла на реализација на политики и во смисла на човечки карактер. За реализиција на политики не можам ништо да се сетам. Овде се работи за човек кому се уште не му е јасно дека веќе не е политички аналитичар, туку дека е носител на највисоката позиција во државата. Точно е дека нема големи овластувања, но никој не му забранува да ги собере економските ресори во Владата и да направат турнеја низ Европа да убедуваат инвеститори да дојдат во Македонија. Да не зборувам за политичките прашања, каде што минатата година девет дена пред да се усвои Францускиот предлог велеше дека е катастрофа, а потоа го прифати.

Во делот на личност, кога доаѓате на ваква позиција мора да сте изградена личност. Се работи за најслабата личност кој дошла на оваа позиција. Се работи за една класична алапача, оговарач, кој времето го троши во озборување од политички пријатели до политички опоненти, најчесто со ваши колеги новинари на седенки на кои раскажува прикаски за други личности, најчесто му се неточни. Агенцијата за разузнавање ја претвори во Агенција за собирање трачеви и афери и на тој начин ја уништува.

Многу е тажно работниот ден да ви се сведува на барање на личност со која ќе потрошите 2-3 часа и ќе раскажувате кој е здрав, кој болен, кој има проблеми во приватниот живот, кој со кого бил и каде е виден.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости