Одговорноста и неунапредувањето на судијата Енвер Беџети, кој со месеци го држеше во фиока случајот „Таргет-тврдина“, каде што главен обвинет е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за масовното прислушување, ја прелеало чашата во Судскиот совет. Контроверзно разрешената претседателка, Весна Дамева, во интервју за „Фокус“ зборува за нејзиното разрешување, но и за нејзината борба против судиите, кои, како што вели, одработуваат за туѓи интереси, за поединци од политиката, за нивни приватни и партиски интереси.
Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ФОКУС: Дали иницијативата за разрешување на судијата Енвер Беџети ви пресуди? Дали навистина имаше поднесено иницијатива за одговорност на судијата од страна на Тања Чачарова-Илиевска и дали оваа иницијатива се планираше да биде ставена на дневен ред?
ДАМЕВА: Информациите за конкретниот случај се веќе пласирани во јавноста, па не би се воздржала да го дадам одговорот и на ова прашање. Но, не станува збор само за барање за утврдување на одговорност, туку и за унапредување на конкретниот судија, односно негов избор за судија во Врховниот суд. Токму тоа беше една од причините поради кои, народски кажано, се прелеа чашата.
Воедно, Судскиот совет, вршејќи ги своите задачи во рамките на законските надлежности, имаше отпочнато и други постапки што беа во тек за судии, кои се профилирани како блиски до одредени луѓе од политиката. Ќе го споменам, покрај изборот на судии во Врховниот суд, и изборот на судии во Апелацискиот суд Гостивар.
Не тврдам дека судиите биле блиски до тие луѓе од политиката, во тој момент имаше само индиции за тоа, но со оглед на реакцијата на тие луѓе и откако останаа без успех нивните напори за некои судии воопшто да не се поведува постапка, за други поведените постапки да се запрат, за трети да бидат унапредени, тоа јасно ме доведува до заклучокот дека истите особено се загрижени и заинтересирани за кариерата на одредени судии.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.