(ИНТЕРВЈУ) Богојески: Груевски ќе се врати на Табановце како Даравелски

by fokus

Петар Богојески, лидерот на новата политичка партија Македонски концепт, во интервју за новиот број на неделникот Фокус зборува и за евентуално враќање на поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски.

ФОКУС: Велите се спрема враќање на Груевски. На кој начин и кој ќе го врати?

БОГОЈЕСКИ: Според она што јас го знам, прво Груевски е очајник. Човек кој за да избега од земјата направи компромис со промената на името. Ја доби таа амнестија. Сега како очајник кој сака да се врати, неспорно е дека е подготвен да обезбеди дополнителни 6 плус 2 пратеници за уставните измени. Тој тоа може да го заврши.

ФОКУС: Ја има таа моќ врз дел од пратениците?

БОГОЈЕСКИ: Апсолутно, тој е сопственик на мнозинскиот пакет на опозицијата. Како би се вратил? Лесно. Во Стразбур ќе се потврди амнестијата на Ѓорге Иванов. Се подготвува терен за ослободување на Гордана Јанкуловска, Гоца МВРО. Веќе има акција „Слобода за Гоца“.

Сите ги заборавија оние душички што ги нарекуваат уставобранители. Скапаа по затвори. Важно е да има слобода за Гоца, слобода за Миле. За сите од врхушката на груевизмот. И секако слобода за Груевски.

Преку таа амнестија во Стразбур, Груевски е слободен човек, ќе се врати како Даравелски на Табановце. Ќе треба да поседи 48 часа во притвор. Веројатно тоа ќе биде домашен притвор на негово барање. Потоа ќе биде слободен граѓанин во земјава. Ќе плати некоја казна од 500 евра за незаконско напуштање на границата на Македонија. Веројатно тоа многу ќе го погоди неговиот личен буџет.

Потоа ќе имаме Никола Груевски кој ќе ни продава патриотска магла со која Бугарите ќе влезат во Устав. Да се плати цената за тоа.

Јас би им препорачал на македонските граѓани ниту Бугари во Устав, ниту Грујо во Македонија.

Катерина Смилева Божиновска

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости