Косовскиот премиер, Албин Курти ќе се соочи денеска со пратениците во републичкото Собрание, на интерпелација свикана поради „ургентните мерки на Владата во однос на состојбата во земјата“.
Конкретно, интерпелацијата е побарана од опозицијата по ситуацијата создадена на косовскиот север, населен со мнозинско етничко српско население, поради нелегалните регистерски таблички издадени од Србија.
Пленарната седница е закажана за во 11.30 часот.
Минатата недела беше постигнат договор меѓу Приштина и Белград, со кој Косово се обврза да не ги казнува граѓаните кои не ги смениле српските со косовски таблички, а Србија да не издава повеќе траблички со акроними на косовските градови.
Спогодбата ја постигнаа главните преговарачи на двете земји, косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими и директорот на Канцеларијата за Косово при српската влада, Петр Петковиќ, откако два дена порано не успеа средбата меѓу Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.