ВМРО-ДПМНЕ со видео: Стани Таче не се криј позади Цаци, биди маж и прифати избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ објави монтирано видео од настапите на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибините на партијата со кое на премиерот му порачува: „Стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зошто секој ден е се полошо со СДС“.

– Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните.

Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата.

Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика.

Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас. Неговото безпоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости