Интерпелација против министерот Тевдовски, покажал непочитување кон пратениците

by fokus

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа интерпелација и кон министерот за финансии, Драган Тевдовски, откако претходно најавија интерпелации за три други министри од Владата на Заев. Против Теводвски како причини ги наведуваат целосно неразвојниот, како што велат, ребаланс на буџетот за 2017 година, намалувањето на капиталните расходи, засиленото и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемувањето на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитувањето на народните претставници во собранието и манипулирањето со економските податоци, параметри и индикатори.

„Министерот за финансии, односно министерот за кратење и задолжување, Драган Тевдовски, со своето конфузно, неодговорно и некомпетентно работење во овие седумдесетина дена откако ја извршува оваа функција докажа пред нас пратениците и целата македонска јавност дека е поставен од страна на Зоран Заев единствено со цел да ги спроведува погубните политики на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости