Екипата на Интер е нов шампион во Купот на Италија откако вечерва го совлада Јувентус во финалето одиграно на „Олимпико“ со 4:2.
Конечниот резултат дојде по продолженијата откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 2:2.
Првиот гол падна уште во седмата минута кога Николо Барела на одличен начин ја затресе мрежата на Јувентус.
„Бјанконерите“ потоа ја презедоа иницијативата, напаѓаа, но до крајот на полувремето не успеаја да постигнат погодок.
Сепак, на самиот старт на второто полувреме Јувентус со двата брзи гола на Мората и Влаховиќ го презеде водството на средбата.
Интер успеа да го израмни резултатот во 79. минута откако Хакан Чалханоглу прецизно изведе удар од белта точка. Претходно Бонучи стартуваше врз Лаутаро Мартинез по што беше досуден пенал.
На самиот старт на првото продолжение беше досуден уште еден пенал за Интер, а истиот во гол го претвори Иван Перишиќ. Истиот играч постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат на средбата, 4:2.