„Фокус“ веќе објави дека денеска пред бараките на Град Скопје се случувал вистински „циркус“, откако фирмата „Интек Системи“ со камиони си ги товариле принтерите, затоа што претходно актуелната градоначалничка Данела Арсовска го раскинала договорот.
Од компанијата го потврдија настанот, тврдејќи дека си ги земаат печатачите бидејќи договорот е раскинат.
„По барање на Град Скопје договорот е раскинат бидјеќи се исцрпени средствата. Важноста на договорот е три години односно до октовмри годинава, што значи можеше да се обезбедат пари за да не се случи ова што во моментов се случува пред бараките.
Но, тоа беше одлука на раководството и ние сега си ги повлекуваме принтерите“, велат од „Интек Системи“ за „Фокус“.
Од Град Скопје пак во изјава за „Фокус“ остро ги демантираат информациите во јавноста тврдејќи дека станува збор за лажни вести за манипулација на јавноста.
„Град Скопје поседува печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од страна на администрацијата. Од друга страна постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини на материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година исплаќани се повисоки средства во вредност од 30% од проценета врeдност.Договорот е спогодбено раскинат од причина што финансиските средства се истрошени пред истекот на рокот на важноста на договорот. Новата јавна набавка за таков тип на печатење е во завршна фаза“, се наведува во одговорот од Град Скопје.
Ирена Мулачка