Град Скопје остана без принтери, фирмата денеска ги товари во камиони

by Fokus

Град Скопје денеска остана без принтерите кои ги изнајмува, откако фирмата „Интек системи“ со која беше склучен тригодишен договор дојдоа со камиони и ги земаа повеќето принтери,  неофицијално дознава „Фокус“.

„Многу е срамна глетката. Дваесет души донела фирмата за логистика. ги вадат од бараки и ги носат. Како митинг за принтери е“ тврдат во изјава за „Фокус“, извори од Град Скопје.

Голем проблем настанува со тоа што актуелната градоначалничка Данела Арсова предвреме го раскинува договорот, кој трае официјално до октомври, а новиот тендер се уште не е завршен.

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, станува збор за тригодишен договор за изнајмување на мултифункционални печатари  во вредност од речиси 87.000 илјади евра.

„Фокус“ испрати неколку прашања и до Град Скопје, од каде до објавувањето на информациите не добивме повратни одговори.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости