Потребно е да се направи ревизија на процесот на лустрација, да се детектираат одговорностите кај лицата и органите од чие работење произлегоа несаканите последици, а, пред сè, потребно е нов закон за укинување на лустрацијата и
отстранување на последиците. Ова се дел од препораките на Институтот за човекови права во анализата „Човековите права во процесот на лустрација“, која денеска беше промовирана во Скопје.
-Требаше веднаш по промена на државниот систем да се спроведе лустрацијата. Кај нас таа се случи дури 18 години подоцна. Реваншизмот е секаде присутен во одлуките за лустрираните. Во ниедна одлука не е констатирано дали им е прекршено некое човеково право на лустрираните. Ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа. Ќе мора да се направи
ревизија на целиот процес и да се даде правен лек на оние што се жртви од лустрацијата да имаат право на надоместок на штета. Жално е што јавноста не ги дозна последиците за лустрираните бидејќи имаме последици болест, смрт, а тоа не смее да се занемари, рече судијката Маргарита Цаца-Николовска.
Таа додаде дека нејасно е колку предмети сè уште се отворени во Комисијата за верификација на фактите и што ќе биде со предметите кои ги поништи Вишиот Управен суд.