Новинарот на неделникот „Фокус“, Влатко Стојановски, денеска освои првата награда за најдобра истражувачка сторија за корупција.
Стојановски првата награда ја освои со сторијата „Владата потроши една милјарда евра за субвенции, а увозот на храна е дуплиран“, објавена во неделникот „Фокус“.
Конкурсот беше во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија, во рамки на Програмата на УСАИД за корупција.