Државна лотарија на Македонија денес додели уште еден автомобил од инстант лотаријата ПАРКиРАЈ Хибрид, во Скопје, во салонот на Тојота Авто Центар.
Среќната добитничка на TOYOTA AURIS HIBRID e Кристина Савевска од Скопје, која својот добитниот инстант лоз го купила на продажното место на Државна лотарија на Македонија во скопски Сити Мол. Кристина и изминатите години вози автомобил TOYOTA AURIS, но бензинец, и пресреќна е што ќе го замени со автомобил од најновата хибридна технологија. Инаку, никогаш до сега не купила и не играла инстант лотарија. Првиот нејзин контакт со игрите на среќа го остварила, кога влегла во Сити Мол, одејќи на кино, и го здогледала штандот-продажното место на Државна лотарија на Македонија, каде купила само еден инстант лоз ПАРКиРАЈ ХИБРИД. Кога и појасниле дека трите знаци на автомобил всушност се и симболот на нејзината добивка Тoyota Auris Hibrid , најпрво не можела да верува на својата почетничка среќа. Дури денес, кога ги доби и клучевите од својот нов автомобил поверува на својата среќа.
Кристина им порача на сите да веруваат во среќата и да ја испробаат со игрите на Државна лотарија на Македонија.