Инспекциски надзор во штипска Ортопедија

by fokus

Епидемиолози од Институтот за јавно здравје-Скопје, но и тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од утринава се во штипската Клиничка болница, со цел да се утврди состојбата, но и изворот на заразата од вирусот хепатит Ц кај 11 поранешни пациенти на Одделението за ортопедија.

Ирина Бухова директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за МИА вели дека во текот на денот извршиле координарен вонреден инспекциски надзор при што согледана е целокупната епидемиолошка состојба во Клиничка болница Штип. Во врска констатираната состојба, дадени се насоки за понатамошно постапување во установата.

Во однос на бројот на пријавени заболени со хепатит Ц не се регистрирани нови случаи.  За сите понатамошни активности се дадени препораки, како и за резултатите од дијагностичките постапки кај пациентите кои се во тек во релевантни институции, ќе бидете информирани дополните, од страна на  ДСЗИ, ИЈЗ и МЗ, се вели во соопштениетот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Горе наведените институции ја следат континуирано  состојбата на терен и ќе бидат во непосреден контакт со Клиничка болница Штип.

Инаку, вирусот хепатит Ц се пренесува преку крв и отворени рани. Првите заболени пациенти се откриени во јули, кога првичната бројка беше шест, а во текот на минатата недела се искачи на 11 пациенти. 

Поврзани новости