555
Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во битолската болница за денешниот случај каде почина 6-годишната Јана Христовска, откако била донесена со симптоми на настинка. Нејзините родители сведочеа дека на Јана и била дадена глукоза преку инфузија иако шеќерот и бил 9.
Од Министерството најавуваат дека инспектори утре ќе влезат во болницата за да ги утврдат причините за смртта на детото. Телото на Јана е предадено на обдукција, а резултатите се очекуваат за 10 дена.
Семејството на девојчето од Кравари кое почина во битолската болница бара одговорност од лекарите.