Следува поевтинување на брашното

by Fokus

Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

-Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, објави Бектеши.

Претходно од Владата соопштија дека сакаат да слушнат  за конкретни предлози од стопанствениците за други мерки, механизми и методологии кои се одржливи. Досега добиле конкретен предлог само за укинување на сите царински давачки, што за нив е неприфатливо.

Поврзани новости