Иснпекцијата од општина Центар која влезе во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека е постапено по анекс за измени по градба кој не е правосилен, а надворешниот дел не е настрешница туку е балкон за кој нема одобрение, пренесе А1он.
„Објектот очигледно, тоа можеме да го потврдат инспекторите со мене на кои не ни беше до крај дозволено да ги завршиме активности, не ни беше дозволено фотодокумнтација да направиме, е пуштен во употреба што беше и претходно кажано од наша страна и ќе видиме што мерки треба да се преземат“, рече инспекторот Кочо Стојчески.
Допрва ќе видиме како ќе постапиме со спорниот дел-настрешницата од нивна страна, односно балконот од наша страна. По овој инспекциски надзор ќе бидат донесени соодветни управни акти кои ќе значат на инвеститорот да се најјде усогласување на градбата согласно одобрениот проект, рече тој.