Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи, рече Спасовски

by Fokus

Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички.

-Има некакви реакции од граѓаните. Веќе дадов налог на инспекциските служби да се провери и во малопродажбата и во производството, да видиме за што станува збор – дали за поскапување на репроматеријали врз основа на кои се зголемува и цената на овие производи или за сосема нешто друго. Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на новата градинка во Волково.

Поврзани новости