Инспектори од УБК зад затворени врати сведочеа во „Сопот“

by fokus

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ се одржа зад затворени врати. Јавноста и медиумите беа исклучени од рочиштето на барање на Управата за безбедност и контраразузнавање, затоа што петмина инспектори од УБК дадоа свое сведочење пред судот.

Судот донесе одлука јавноста да биде исклучена со образложение дека се работи за информации од областа на тероризам и разузнавање. Сведочењето на инспекторите е во делот на клучниот сведок, Рамадан Бајрами, кој тврди дека бил измачуван во полициската станица за да даде лажна изјава.

Случајот „Сопот” е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам.

Поврзани новости