520
Со образложение дека содржи техничко-правни грешки, Законодавно-правната комисија во Собранието ја одби граѓанската иницијатива за продолжување на породилното. Предлогот беше тоа да се продолжи од 9 на 12 месеци за мајките кои ќе родат по едно дете, а за оние кои ќе родат близнаци или повеќе деца, породолното да трае 18 месеци.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека и тие ќе ги поддржат законските измени.
Иницијативата ќе се врати во собраниска постапка откако подносителите на иницијативата ќе ги отстранат правните грешки.