Изборот на декан на Стоматолошкиот факултет ги скара професорите

by fokus
Постапката за избор на декан на Стоматолошкиот факултет ги скара професорите. 23-ца професори и стотина студенти го ставија својот потпис на иницијативата за преиспитување на одлуката професорката Мирјана Поповска да биде В.Д. Декан на факултетот.
Според нив, постапката е спротивна на законските прописи па затоа бараат ректорот Јанкуловски да ја преиспита одлуката. Мнозинството од професорите бараат Јанкуловски да го назначи проф д-р Ќиро Ивановски за декан, кој уште во декември беше избран од мнозинството во наставно-научниот совет.
Борбата за враќањето на автономијата на факултетот, професорите ќе ја почнат со тоа што нема да учествуваат во работата на органите и телата на факултетот.
„Што се однесува до студентите работите ќе течат, меѓутоа спорен станува уписот на студентите за којшто треба да донесе одлука наставно-научниот совет за комисијата, но се надеваме дека ректорот еден ваков важен проект ќе изнајде сили да го реши“, изјави Силвана Георгиева.
Според професорот Ивановски не постојат разумни причини тој да не седне на деканската позиција.
„Ниедна од причините која што му дава право на ректорот да не го потврди изборот на декан, а се запишани во статутот, не ми беше посочено од негова страна – ниту усмено ниту, пак, имам писмена изјава добиено“, изјави Ќиро Ивановски.

Поврзани новости