544
„АЈДЕ!“-Платформа за граѓанска политика го поддржува и се приклучува на протестот против срамната затворска пресуда на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски.
„Бруталниот, а воедно и кукавички акт на ноќното полициско приведување и спроведување во затвор на новинар, чија единствена „вина“ е професионалноста и кажувањето на вистината уште еднаш го соголува начинот на владеење во Македонија. „Ајде!“ го повикува своето членство, поддржувачите, симпатизерите и сите граѓанки и граѓани без исклучок да застанат во одбрана на слободата и да учествуваат на протестот, кој ќе се одржи на 20 јануари 2015, во 12 часот, пред зградата на Апелацискиот суд во Скопје“, се вели во писмената реакција.