50
Стапката на инфлација во Турција овој февруари се искачи на 67,07%, објави денеска турскиот институт за статистика „Туркстат“.
Инфлацијата во оваа земја е највисока во последните 15 месеци.
Највисок годишен раст на цените е забележан во комбинираниот сектор хотели, кафулиња и ресторани од 94,78%, потоа образование со 91,84%, додека стапката за здравство е 81,25% и транспорт 77,98%, покажуваат податоците на Заводот за статистика.
Потрошувачките цени на храната и безалкохолните пијалаци во февруари скокнаа за 71,12% во однос на истиот период од претходната година и забележаа изненадувачки голем месечен раст од 8,25%.
Месечната стапка на инфлација за еден месец пораснала за 4,53%.