Протест на синдикатите на пет јавни универзитети во земјава

by Fokus

Синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св.Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани клективните договори.

Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

На надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.

– Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите.

Поврзани новости