589
Инфлацијата во еврозоната на ЕУ се зголеми на рекордни 5,1 отсто во јануари, главно поради растот на цените на енергијата, објави денеска Евростат.
Статистичката агенција на ЕУ нема регистрирано толку високо ниво на инфлација откако почна да собира податоци за 19-те земји кои го користат еврото во 1997 година. Претходниот рекорд беше поставен во декември, кога инфлацијата во еврозоната беше 5,0 проценти.