Инфективна со осуда за објавено видео на пациентка со психичко заболување

by fokus

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување, реагираа попладнево од Клиниката.

-Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега. КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чуствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома. КИБФС апелира медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации, се вели во реакцијата.

Поврзани новости