421
Дванаесетгодишното девојче кое синоќа било примено на скопската Инфективна клиника немало свински грип, тврди директорот Ѕвонко Миленковиќ. Според симптомите на болеста, докторите не утврдиле постоење на грип.
– Девојчето беше во исклучително тешка здравствена состојба со нагони на повраќање и пролив во шокова состојба и со изразита хипертермија. И, покрај сите обиди на докторите да го спасат девојчето, тоа по четири часот од приемот почина – истакна Миленковиќ.
Првично, во јавноста се појави информација дека 12-годишното девојче починало од свински грип, за подоцна истата да биде демантирана.