Оваа зона била подолго време отворена и во неа фигурирале голем број компании каде што дел од нив веќе се затворени, дел од нив за кратко отворени, а повеќето сѐ уште постојат.
Тоа што го чуди народот е како премиерот не бил на отворањето и на сечењето лента на оваа „нова“ индустриска зона, а ако се избројат фирмите таму бележи најголем успех од која било друга индустриска зона во Македонија што тој самиот ја има отворено досега.
Сепак, да бидеме уверени дека дел од медиумите (ако не се лутат поради „милиончето“) ќе се обидат да нѐ убедат дека не се должи на пропуст од страна на премиерот, туку на расипувачите на забави од страна на СДСМ, кои го уништија изненадувањето за кое би требало да веруваме дека премиерот своето свечено отворање на индустриската зона „Градски стадион ББ“ ни го подготвувал за оваа година.
А како што може да ги забележите новите билборди низ градот, кој велат дека на луѓето од опозицијата не треба да им се доверите и да им верувате зашто како што гледате предвреме ги обелоденуваат и ги откриваат изненадувањата кои се за општо добро на народот и на државата.