Индиските власти и забранија на фоторепортерка од Кашмир да оди да ја подигне Пулицеровата награда

by Fokus

Фоторепортерката од Кашмир, Сана Иршад Мату, добитничка на Пулицерова награда, изјави дека индиските власти ја спречиле да отпатува во САД за да ја прими наградата.

Таа рече дека по наградата требало да оди во Њујорк во понеделникот, но на аеродромот во Њу Делхи била спречена од властите иако имала виза и билет.

Мату на Твитер напиша дека е „запрена без причина“ и оти нејзиниот билет е откажан.

Индиските власти не го коментираа случајот.

Мату работеше за тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицеровата награда оваа година за серија фотографии направени за време на пандемијата на коронавирус во Индија, пренесе Бета.

На Мату првпат во јули, и беше забрането да патува во Париз на презентација на книга и изложба на фотографии како еден од 10-те добитници на „Serendipity Arles Grant“. Мату тогаш рече дека властите и рекле дека нема да може да патува во странство.

Таа работи како хонорарен фоторепортер од 2018 година, документирајќи го животот во Кашмир кој е под контрола на Индија, каде бунтовниците се борат за независност или спојување со соседен Пакистан.

Новинарите долго време ги игнорираа заканите во регионот под контрола на бунтовниците, додека индиската Влада се обидува да ја зајакне контролата врз медиумите во Кашмир. Ситуацијата се влоши во 2019 година, кога Индија ја укина полуавтономијата на Кашмир, а десетици новинари беа уапсени, испрашувани и под истрага според антитерористичките закони

Поврзани новости