Индиската мутација на корона вирусот ќе се прошири низ цела Европа

by Fokus

Светската здравствена организација предвидува ширење на индиската мутација на корона вирусот низ Европа, изјави шефот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

СЗО нагласува дека моментно оваа варијанта на вирусот предизвикува најсериозна загриженост, пред се затоа што индиската мутација е поопасна, позаразна и може да зарази дури и луѓе со јак имунитет.

Клуге упати совет до Европејците да не ги занемаруваат здравствените мерки. Тој изрази надеж дека искуството во борбата против Ковид-19 ќе помогне да се избегнат голем број грешки направени на почетокот на пандемијата, што ќе овозможи да се спасат човечки животи

Поврзани новости