563
Во Индија во последните 24 часа е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот – 52.123, додека починале уште 775 лица.
Од почетокот на пандемијата во Индија се пријавени 1.583.792 случаи на Ковид-19, од кои починале 34.968 луѓе.
Над милион луѓе во оваа земја досега се излекувале од вирусот.
Индија се наоѓа на третото место во светот по бројот на заразени, зад САД и Бразил, од кои, сепак, има пониска стапка на смртност од Ковид-19.