Имотната состојба на новата специјална обвинителка Јанева

by Фокус

Катица Јанева е новиот специјален јавен обвинител, за кој како што информираат била предлог на олеснувачите на преговорите. За избор на јавен обвинител веќе неколку недели се кршат копјата помеѓу двете најголеми партии.

Во нејзиниот имотен лист објавен на страната на Државната комисија за спречување корупција  се наведува дека поседува моторно возило Рено 5 Кампус, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска Банка. Додека на име на нејзиниот починат сопруг  се водат плац во село Конско во вредност од 1000 евра, земјоделско земјиште од 1930 м2 во вредност од 20 000 евра и моторно возило Ровер 45 во вредност од 20 000 евра.

10625098_10206675316795714_747214660943753226_n

Поврзани новости