Мерките што ги донесовме се рестриктивни, но свесно ги носиме за да се заштитиме и претстојните празници да ги поминеме во мир и спокој и да не се соочуваме со ситуација нашите блиски да бидат болни, хоспитализирани или не дај боже да го изгубат животот, истакна на прес-конференцијата во Владата денеска заменик-министерот за здравство Илир Хасани.
-Се наоѓаме на праг на големи верски пранзици, но свесни сте дека сме во тешка општа состојба. Размисливме проактивно. Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден. Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања, рече Хасани.
Порача граѓаните да внимаваат за време на празниците, особено имајќи ја предвид традицијата на посета на повозрасните граѓани.
-Иако мерките се непопуларни ги презмаме мерките да го намалиме притисокот врз болниците, но и да го спречиме и ширењето на вирусот. Сега донесовме ригорозни мерки сакаме да обезбедиме граѓаните да ги поминат претстојните празници колку што дозволува пандемијата празнично и да бидат посветени на семејството, на најблиските, а не на тоа дали некој е во болница или некој да заврши фатално. Да ги почитуваме сите мерките и да се надеваме дека мерките што ги преземаме и да се надеваме дека ефектите ќе бидат позитивни, рече Хасани и порача да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас.