Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја, вели Маричиќ

by Fokus

Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја и нашите институции преку градење силен и добро интегриран административен капацитет на агенциите за спроведување на законот и другите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди, рече вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок во Брисел за Поглавјето 24 „Правда, слобода и безбедност“.

Маричиќ истакна дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи од 2019 година до денеска, потенцирајќи дека ова е голема предност за нас која треба да ја искористиме и да ја валоризираме.

Според Маричиќ, како што информира Секретаријатот за европски прашања, Поглавјето 24  е „срцето на преговорите“, заедно со Поглавјето 23, пред и сега како дел од Кластерот „Темели“, според новата методологија, за кое изрази уверување дека визијата каде сме денес и каде треба да бидеме до 2030 година ќе се одрази во бараниот Патоказ за владеење на правото.

Во своето излагање вицепремиерот посочи што се Северна Македонија има направено во делот на борбата против тероризмот, напомнувајќи дека е донесен Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г./843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција.

 

Поврзани новости