1.1K
Имам закани и јас и моето семејство, има структури што сакаат да ме нема, тврди опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски.
-Мојата политичка кариера од самиот почеток е, од страна на поедини структури кои што не сакаат чесност, кои што не сакаат план, стратегија и визија, кој што не сакаат макотрпна работа, да ме тргнат.
Да ме нема ако може, па по можност и физички затоа што јас сум единствен политичар во овие 30 години, лидер на опозиција кој што нема од државата се уште ни обезбедување, ни било што иако на дневна основа имам закани и јас и моето семејство, изјави Мицкоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.