Пет странски компании покажале заинтересираност за преземење на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се под стечај. Претставници на инвестициски фонд од САД, американска, руска, англиска и австралиско-канадска компанија веќе ги посетиле рудниците и најдоцна до средината на идниот месец би требало да се знае судбината на 1.000 рудари кои останаа без работа.
Двата рудници престанаа со работа на 24 септември годинава, а претходно рударите четири месеци немале земено плата и сопственикот „Индо минерали и метали“ една година не и ја платил концесијата на државата. Стечајот го покрена фирмата „Автотехна“ ДОО Скопје, а и се приклучила и други доверители на кои „Индо минерали“ им должела по различни основи: поправки и одржувања на опремата и машините во рудниците, за храна, транспорт.