Им избегал на полицајците, а потоа со голема брзина се обидел да ги прегази

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.П.(30) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, како и против Т.П.(25) од село Смојмирово-беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

Според полицијата, на 30.04.2018 година околу 01,30 часот во Берово кај градскиот плоштад, пријавениот, го нарушувал јавниот ред и мир со гласна музика, и при тоа му упатувал закани по животот на полицискиот службеник, кој преземал службени дејствија, по што полицискиот службеник повикал интервентно возило. При обидот, за приведување на пријавениот во службеното возило, истиот со помош на неговиот другар Т.П. успеал да се отргне од полициските службеници и со неговото возило избегале од местото на настанот. Потоа околу 04,20 часот, при преземање на мерки, од страна на полициски службеници, за сопирање на возилото на пријавениот, истиот со голема брзина се обидел да ги прегази полициските службеници, по што во два наврати се јавил во полициската станица во Берово, упатувајќи закани по животот на сите полициски службеници.

Поврзани новости