433
Милијардерот Илон Маск потврди дека на претседателските избори во Америка во 2024 година поддршка би му дал на Рон Десантис, доколку гувернерот на Флорида се кандидира за претседател на САД.
-Мојата наклонетост за претседател во 2024 година ќе ја добие некој разумен и некој што ќе ја промовира идеологијата на центризмот или умерени ставови помеѓу екстремната левица и екстремната десница, рече Маск.
Десантис се смета за потенцијалниот противник на поранешниот претседател Доналд Трамп меѓу републиканците за претседателските избори.