Илон Маск: Луѓето ќе отидат на Марс до крајот на деценијава

by Fokus

Американскиот визионер, милијардер и основач и извршен директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск верува дека луѓето ќе стигнат на површината на Марс до крајот на ова десетлетие. Тој за тоа говореше во интервју за Си-ен-би-си викендов.

– Мислам дека тоа ќе се случи оваа деценија. А, на Месечината луѓето ќе бидат уште порано. Мислам дека прво треба да направиме голема достава на површината на Марс, а потоа луѓето ќе почнат да размислуваат и повеќе за тоа. Пет – шест години подоцна, луѓето ќе сфатат дека Марс е вистинското „место за посета“, рече Маск.

Поврзани новости