Илон Маск може да додаде нова титула во своето резиме – Гинисов рекордер.
Поради катастрофалната 2022 година, познатиот „Технокинг“ на Тесла влезе во книгите на рекорди, бидејќи неговото богатство се намали за 182 милијарди долари, беше објавено од страна на организацијата која се повикува на податоци на Форбс.
Од таму истакнуваат дека, иако точната бројка за загубата на Маск е речиси невозможно да се утврди, некои медиуми проценуваат дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари, а сопственикот на Твитер го срушил претходниот рекорд, загубата од 58,6 милијарди долари на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон во 2000 година.
Причината за падот на богатството се должи на падот на акциите на „Tesla“, кои изгубија приближно 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата.
Оваа загуба беше доволна да го симне од тронот како најбогат човек на светот – титула што сега ја има магнатот за луксузни стоки Бернард Арно.
Маск не е единствениот милијардер чие богатство се намали во 2022 година. Американските милијардери минатата година изгубија вкупно 660 милијарди долари.