Од шест часот утрово до 18 часот попладнево, на грчко – турската граница кај Еврос, биле регистрирани околу 5500 спречувања на влез во Грција на нелегани мигранти, а 60 лица биле уапсени, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Попладнево повторно имаше инциденти на границата, а според извори од Грција и објавено видео, турската полиција фрлила солзавец кон грчките сили во исто време кога мигрантите се обидуваат да стигнат на територијата на Грција.
-Никој не може да ја помине грчката граница. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишува, според грчки владини извори, во пораката, на англиски јазик, која веќе започна да се испраќа.