ОН обезбеди 15 милиони долари за борба против Ковид-19

by fokus

Заменикот-генерален секретар на ОН за хуманитарни работи Марк Лоукок издвои 15 милиони американски долари од Централниот фонд за реакција при итни случаи, наменети за борба против ширењето на новиот коронавирус, соопшти претставник на Светската организација.

Одлуката доаѓа откако Светската здравствена организација (СЗО) го крена нивото на глобален ризик од појава на коронавирус од „високо“ на максималното „многу високо“. ОН потсетува дека СЗО соопшти дека сè уште е можно да се контролира вирусот во случај на прекинување на синџирот на зараза..

„Ненадејното зголемување на бројот на случаи во Италија, Исламската Република Иран и Република Кореја предизвика голема загриженост“, велат од ООН.

Средствата на ОН се префрлени на СЗО и УНИЦЕФ. Се очекува тие да бидат распределени за клучните активности, вклучително и следење на ширењето на вирусот, испитување на случаи на заболувањето и финансирање на лабораториската работа.

Поврзани новости