532
Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета денеска телефонски разговарал со својот македонски колега, новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери и притоа оцени дека предизвиканиот конфликт е политички, а не меѓуетнички, јавуваат тиранските медиуми.
Мета му дал целосна поддршка на Џафери во работата на македонскиот Парламент за стабилност и демократија.
„Жалам поради неприфатливото насилство во македонското Собрание. Ние поддржуваме решавање на кризата во Македонија по пат на уставни и демократски средства. Конфликтот што се случи е политички, а не меѓуетнички“, истакна Мета, цитиран од МИА.