Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната собраниска седница за реконструкција на владата го запраша премиерот Заев ако цвета економијата и ако е година на економијата, зошто тогаш зошто се менува министерот за финансии.
-Во образложението зошто ги менувате министрите немаше ниедно објаснување зошто некој министер се менува. Единствено нешто што кажавте е дека оваа година ја прогласивте година на економија и да се пофалите дека економијата цветала. Ако цеветала економијата зошто го менувате министерот, мора да има нешто во позадина, вели Илиоски.
Тој потенцира и дека граѓаните и опозицијата со право се сомневаат во Заев затоа што од него освен ветувања, еуфорија и популизам конкретни резултати немаат видено.
– Да ве потсетам 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата на лекарите, нема да го менуваме уставот по никоја цена, тоа беше ваше ветување, затоа наше легитимно право е да се сомневаме во вашите ветувања и намера да го раководите министерството за финансии и дека не е се така добро како што сакате да прикажете дека Македонија стана Швајцарија или Луксембург, истакна Илиоски.