-За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег, кој укажува на длабоко нивно непочитување. Ние сакаме да учествуваме во градењето на македонската слободна и демократска држава, на тоа имаме право, пред сè, поради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината, се вели во соопштението на македонското друштво „Илинден“ од Тирана.
Тие велат дека Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на сите полиња, особено надворешната политика и економијата.
Исто така, се наведува понатаму во соопштението, Македонците од дијаспората редовно ја посетуваaт Македонија и со нивното доаѓање придонесуваат за зголемувањето на локалната економија.