„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз од 15% и 56 нови вработувања во првото полугодие од 2015-та

by Фокус 20:20
20:20

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период лани.

Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15%. Зголемување од 9% е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

- Advertisements -

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари.

Во периодот јануари – јуни 2015 година во Алкалоид се реализирани 56 нови вработувања во Република Македонија.

Поврзани новости