Илинден ќе се слави со „Некст Тајм“

by Fokus

Музичкото дуо „Некст Тајм” ќе одржи концерт во недела, на 28-ми јули во општина Илинден. Настанот е со почеток од 20:30 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено” пред Домот на културата „Илинден”, а повод е патрониот празник на општина Илинден и националниот празник Илинден.

Мотото на манифестацијата која ќе трае неколку дена е „Со Илинден традицијата продолжува”, а покрај концертот на браќата Филиповски, предвидени се и други настани од областа на културата и спортот. Дуото е актуелно со преработките на стари македонски песни.

Последната песна „Нешто ќе те питам бабо” предизвика голем интерес кај јавноста, но и низа на критики и обвинувања дека има политичка позадина.

Во претходно интервју, од дуото изјавија дека ја снимиле песната поради мелосот, но и со цел да ја заживеат оваа стара песна. Исто така, најавија снимање на други преработки на стари народни песни, со кои би го комплетирале својот следен албум.

Вики Клинчарова

Поврзани новости