Илија Димовски му честита на својот наследник Иво Котевски

by Фокус

Откако денеска беше објавено дека досегашниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, е новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на фејсбук му ја честиташе новата функција.

-Гордост е да се отстапи одговорност на човек за кого знаеш дека е одличен работник. Иво Котевски ќе ја има честа да биде директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.  Од мене ја има поддршката да биде успешен во својата работа онака како што јас ја имав од мојот претходник Оливер Шамбевски.  На Иво му честитам, а на Оливер му благодарам…, напиша Димовски на фејсбук.

Откако Илија Димовски замина од функцијата кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, скоро две години се чекаше некој да седне на неговото столче во Центарот за комуникации на ДПМНЕ. Според договорот од Пржино, до утре на министерското столче во МВР треба да седне новиот министер од редовите на СДСМ, па оттука се поставува прашањето дали одлуката за заминување на Котевски од портпаролското место се поврзува со доаѓањето на новиот министер?

 

Поврзани новости