Илиевски за „Фокус“: Нема простор за триумфализам кај Владата по одлуката на Стразбур

by fokus

Судот за човекови права во Стразбур денеска објави дека ги одбива жалбите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ со кои бараа да се уважи аболицијата која ја добија од екс претседателот Ѓорге Иванов. Според европскиот суд апликациите биле преуранети, бидејќи не биле исцрпени сите домашни правни лекови. Или во превод, секој случај требало прво да го помине и филтерот на Апелација и Врховен, па потоа да стигне до Стразбур.

Според адвокатот Влатко Илиевски, нејасно е зошто судот чекал толку време за да ја донесе одлуката.

-Ме чуди тоа зошто на Судот за човекови права во Стразбур му требаше пет и пол години за да донесе вакво решение. Можеше многу побрзо да каже дека жалбите се недопуштени, односно дека се преуранети. Но она што е важно дека по оваа одлука нема простор за триумфализам кај Владата, бидејќи ова не значи дека аболицијата е прогласена за неважечка. Затоа кога за овие случаи ќе треба да се одлучува во втор и трет степен, домашните судови треба да ги земат во предвид агрументите кои ги наведовме во апликациите, истакнува адвокатот Илиевски.

Во образложението на одлуката на судот се вели:

„Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Заклучи дека на
жалбите според член 6 (право на правично судење) беа преуранети, наведува Судот, потенцирајќи дека кривичните постапки се уште течат пред домашните судови.

Одлуката е конечна.

Ова значи дека обвинетите допрва ќе поднесуваат нови апликации пред судот, но прво ќе треба да ги почекаат одлуките на домашните судови. Оваа би траело со години.

Валентина Вурмо

Поврзани новости