Адвокатот Ангеле Илиевски денеска се видел со својот клинет Зоран Верушевски, првосомничен во аферата „Пуч“, кој бил многу лут и разочаран бидејќи неговата сопруга Соња добила 30-дневен притвор, иако според него таа немала никаква вмешаност во аферата, пренесува „24Вести“. Тој тврдел дека вистината ќе ја истера на виделина.
– Верушевски беше многу вознемирен и лут и рече дека вистината ќе ја истера на виделина пред целата македонска јавност, ако не му се случи, она што му се случи на Никола Младенов. Ме замоли мене ова да и го соопштам на јавноста – истакна неговиот адвокат Илиевски во изјава за „24Вести“
Во акцијата „Пуч“ освен Верушевски, осомничени се неговата сопруга, функционер од општина Струмица и како четвртоосомничен е лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Сите добија 30-дневен притвор, освен Заев на кој му е одземен само пасошот.