Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски во вечерашната дебата на телевизија Телма рече дека во вториот круг очекува поддршка од коалициските партнери на СДСМ на централно ниво: ЛДП, ДУИ, БЕСА и ДПА.
-Советничката листа на СДСМ е победничка, ние имаме 10 советници. Ние се обраќаме до сите граѓани на Куманово најпрово. Нормално е дека СДСМ има широк коалициски капацитет и знаеме дека во вториот круг сме сигурни победници. Затоа треба да продолжиме да ја презентираме програмата, за да стигне до сите граѓани. ЛДП останува во коалција на централно ниво, со тоа ефектот ќе се пренесе и на локално ниво. Во коалицијата се и ДУИ, БЕСА, тука е и ДПА. Очекуваме да ни дојдат сите гласови кај нас, но сепак оваа програма е за сите кумановци, смета Илиевски.